spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Видео - Во боите на спортските шампиони - МЗТ Скопје, Аеродром...

Аеродром: Видео – Во боите на спортските шампиони – МЗТ Скопје, Аеродром доби уште еден повеќенаменски спортски терен

Општина Аеродром деновиве завршува со реализацијата уште еден важен проект. Финализира реконструкцијата на познатата „Жути Арена“ која добива нови изглед и прераснува во повеќенаменски спортски терен кој е опремен со современи спортски реквизити. Обоен во боите на МЗТ Скопје и „Фемили Аеродром“, токму тука во Аеродром ова и секое наредно лето, сите ние ќе живееме и спортуваме со победничка енергија на шампионите во кошарка.

Проектот кој е целосно реализиран со средства од буџетот на Општина Аеродром опфати поставување нова подлога, целосна замена на реквизитите, заштитна ограда и трибини. Со завршување на оваа инвестиција, Аеродром на листата запишува уште еден реконструиран спортски терен, а граѓаните добиваат место подготвено за спорт и рекреација.

Реконструкцијата на „Жути Арена“ е потврда за заложбите на општината за промоција на здравото живеење и поддршка на спортот. Ова лето се гледаме на „Жути Арена“ и продолжуваме со инвестиции во проекти кои сериозно го подигнуваат квалитетот на живеење во Аеродром.

Линк до видеото: https://fb.watch/l3ZxG2tDMY/

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...