spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Продолжува учеството во биатералните скрининг состаноци

ДКСК: Продолжува учеството во биатералните скрининг состаноци

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска беше дел од делегациите на Република Северна Македонијае кои неделава учествуваа на билатералните скрининг состаноци за поглавјето 17 „Економска и монетарна политика“ и поглавјето 29 „Царинска унија“ одржани во Брисел од 06 до 08 јуни 2023 година.

На билатералниот скрининг состаноци за поглавјето 17 „Економска и монетарна политика“ одржан на 06 јуни, преставници на надлежните институции – членови на работната група за наведеното поглавје ги презентираа монетарната и економска политика на Република Северна Македонија како и спроведените реформи во оваа сфера.

На билатералниот скрининг состанок за поглавјето 29 „Царинска унија“ одржан на 07 и 08 јуни стана збор за активностите и реформите во областа на царинската свера како и во однос на олеснување на трговијата и размена на добра, подобрување на услугите кон економските оператори како и усогласувањето на релевантното законодавство за правото на Европската унија во оваа сфера.

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...