spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Со новата водоводна мрежа во Богданци овозможуваме побрз и рамномерен регионален...

Ковачевски: Со новата водоводна мрежа во Богданци овозможуваме побрз и рамномерен регионален развој и подобар квалитет на живот за сите граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод означување на почетокот на реконструкцијата на водоводна мрежа во Богданци. На настанот, заедно со премиерот присуствуваа и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, градоначалникот на Богданци Блаже Шапов, како и претставници од изведувачите и надзорот на овој проект.

Со реконструкцијата на водоводната мрежа, се предвидува замена на старите азбестни цевки од повеќе од 50 години со нови модерни цевки, како и замена на постоечките водомери со нови современи мерни инструменти.

Изведбата на овој проект чини над 4 милиони евра, со рок на изведба 40 месеци. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди квалитетна и чиста вода за пиење за домаќинствата во Богданци и околината.

„Денеска овде заедно со вас, го означуваме отпочнувањето на реконструкцијата на системот за водоснабдување во Општина Богданци, исклучително важен проект за оваа општина со што ќе се обезбедат здрава вода за пиење, намалување на финансиските загуби и воведување на високи стандарди за управување со водите во Богданци. Ова е еден од најголемите инфраструктурни проекти за водоснабдување што е целосно финансиран со домашни, буџетски средства, а во неговата имплементација вклучуваме модерни технологии. Дополнителна вредност на проектот е што парите повторно ќе се вратат назад бидејќи ќе работат домашни компании, со тоа што и материјалите кои се вградени се од компании, едни од најреномираните европски производители на цевки тука од овој крај, како и градежни компании кои работат на проектот. Се грижиме за секоја педа од нашата држава, се грижиме за потребите на граѓаните секаде и секому подаваме рака каде што е потребно. Ова го докажавме и преку нашата постојана грижа и во сите населени места низ државата, каде обезбедуваме услови за рамномерен регионален развој“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на денешниот настан во Богданци.

При тоа, тој додаде дека во областа на животната средина се реализирани или во тек е реализација на околу 40 проекти и уште околу 10 проекти се во фаза на тендерска постапка за изградба, реконструкција или рехабилитација на водоводни и канализациони мрежи низ целата наша држава.

Премиерот Ковачевски потсети на достигнувањата од 2022 година.

„Минатата 2022 година, како што знаете, ја заокруживме со 465 милиони евра капитални инвестиции, што е највисок процент на реализирани капитални инвестиции, речиси 90 проценти од планираното во однос на изминатите 10 години. И покрај тоа што бевме соочени со предизвиците од светската економска и енергетска криза, сепак успеавме да ги демантираме сомнежите дека нема да се успее со тоа што постигнавме одлични резултати во реализацијата на бројни проекти, инвестирајќи во подобар животен стандард за граѓаните секако пред сѐ во инфраструктурни проекти како што е овој овде“, изјави премиерот, кој ги повика сите градоначалници, без разлика од која политичка партија доаѓаат да го следат примерот на градоначалникот на Богданци и заедно со Владата да работат на имплементација на овие инфраструктурни проекти за кои се издвоени буџетски средства, како и две кредитни линии од ЕИБ и ЕБОР, но и грантови од ЕУ.

Вложувањето во капиталните проекти, како што нагласи премиерот, е еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија.

„Вложуваме во сектори кои со години биле запоставени, како што е патната инфраструктура, а паралелно со тоа, правиме крупен исчекор и со обезбедување на нови, модерни водоводни мрежи со коишто ќе донесеме квалитетна и чиста вода за пиење до домовите на нашите граѓани. И понатаму продолжуваме со проекти кои се видливи и кои се надевам ќе траат уште долги години. Оставаме со ова голема трага, неизбришлива трага за идните генерации, се грижиме за граѓаните на дело и со што ги подобруваме условите за живот во сите општини во државата“, рече премиерот Ковачевски.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова изјави дека изградбата на оваа инфраструктура во Богданци носи повеќекратни бенефити.

„Со проекти како што е овој во Богданци, градиме инфраструктура која е директно поврзана со обезбедување на квалитетен живот за граѓаните. Бенефитите се повеќекратни: модерен систем за водоснабдување, чиста вода за над 5.000 жители за овој регион, замена на старите азбестни цевки, спречување на загуба на вода во системот, што значи заштеда на финансии и за домаќинствата и за општината, и најпосле и вклучување на домашни компании со што се развива домашната економија и се отвораат нови работни места“, истакна министерката Шукова. Таа најави дека е започнато формирање на проектна канцеларија за реализација на втората транша од заемот од Европската инвестициона банка за водоснабдување и одведување и пречистување на отпадни води, при што средствата ќе бидат достапни за сите општини во државата и ќе се распределуваат согласно востановена методологија.

Градоначалникот на Oпштина Богданци, Блаже Шапов го окарактеризира овој проект како капитален и корисен за жителите на Богданци.

„Здравствените ризици, недостигот од вода во одредени зони во градот, честите дефекти и загуби на вода, непостоење на подземен катастар се причините заради кои се одлучивме на реконструкција на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во Богданци. Ваквите капитални проекти освен што ги задоволуваат потребите на граѓаните создаваат услови за раст на локалната економија“, изјави градоначалникот на Богданци, Шапов на денешното означување на почетокот на реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци.


Премиерот Ковачевски на настан по повод означување на почетокот на реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и градоначалникот на Богданци Блаже Шапов, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод означување на почетокот на реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

„Денеска овде заедно со Вас, го означуваме отпочнувањето на реконструкцијата на системот за водоснабдување во Општина Богданци, исклучително важен проект за оваа општина со што ќе се обезбедат здрава вода за пиење, намалување на финансиските загуби и воведување на високи стандарди за управување со водите во Богданци.

Со овој проект старата дотраена мрежа со азбестни цевки ќе биде заменета со нови, флексибилни, модерни цевки со што ќе овозможи квалитетна вода за пиење на жителите на Општина Богданци и на околните места.

Предвидено е замената на цевките да се одвива на вкупно 179 краци и да се обезбеди приклучок до секое домаќинство или објект, но и замена на постоечките водомери со современи мерни инструменти.

Она што сакам да истакнам е дека ова е еден од најголемите инфраструктурни проекти за водоснабдување што е целосно финансиран со домашни, буџетски средства, а во неговата имплементација вклучуваме модерни технологии.

Водоводната мрежа ќе се реконструира и обнови со повеќегодишна јавна набавка во износ од над 4 милиони евра, кои етапно во наредните три години ќе се наменат за оваа цел во Општина Богданци.

Дополнителна вредност на проектот е што парите повторно ќе се вратат назад бидејќи како што реков ќе работат домашни компании, со тоа што и материјалите кои се вградени се од компании, едни од најреномираните европски производители на цевки тука од овој крај, како и градежни компании кои работат на проектот.

Овие зафати што се започнати во март годинава, ќе траат 40 месеци, период во кој целосно ќе се обнови дотраената водоводна мрежа која досега правеше загуби на целиот водоводен систем што резултираше и со огромни материјални штети на објектите каде поминува мрежата.

Само за илустрација, водоводната мрежа е изградена од азбестни цевки во Богданци, изградена пред 60 години и денес започнуваме практично со комплетна замена на водоводна мрежа до секое домаќинство.

Се грижиме за секоја педа од нашата држава, се грижиме за потребите на граѓаните секаде и секому подаваме рака каде што е потребно.

Ова го докажавме и преку нашата постојана грижа и во сите населени места низ државата, каде обезбедуваме услови за рамномерен регионален развој.

Во областа на животна средина се реализирани или во тек е реализација на околу 40 проекти и уште околу 10 проекти се во фаза на тендерска постапка за изградба, реконструкција или рехабилитација на водоводни и канализациони мрежи низ целата наша држава.

Минатата 2022 година, како што знаете, ја заокруживме со 465 милиони евра капитални инвестиции, што е највисок процент на реализирани капитални инвестиции, речиси 90 проценти од планираното во однос на изминатите 10 години.

И покрај тоа што бевме соочени со предизвиците од светската економска и енергетска криза, сепак успеавме да ги демантираме сомнежите дека нема да се успее со тоа што постигнавме одлични резултати во реализацијата на бројни проекти, инвестирајќи во подобар животен стандард за граѓаните секако пред се во инфраструктурни проекти како што е овој овде.

Меѓу другото, реализиравме бројни проекти за водоснабдување и третман на отпадни води и изградба на канализациони мрежи на територијата на целата држава, како и дополнително обезбедени две кредитни линии за реализација на инфраструктурни проекти –   50 милиони евра  од Европската инвестициона банка за изградба и рехабилитација на инфраструктурата за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води за сите општини во државата и 55 милиони евра од Европска банка за обнова и развој за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во сите пет плански региони.

Воспоставивме и регионална соработка со сите соседни држави во сите области на заштита на животната средина, како и поддршка за усогласување на законодавството со европското и негова имплементација и подготовка за преговори за членство во ЕУ во Поглавјето 27- животна средина и клима.

Сакам да ги повикам сите градоначалници сите во државата, без разлика од која политичка партија доаѓаат да го следат примерот на градоначалникот на Богданци и заедно со Владата да работат на имплементација на овие инфраструктурни проекти за кои како што кажав се веќе издвоени финансиски средства во буџетот но се обезбедени и две кредитни линии од ЕИБ и ЕБОР како и соодветни грантови од ЕУ.

Во оваа прилика сакам да ги поздравам напорите на Министерството за животна средина кое беше активно вклучено и вложи максимални напори во спроведување  на овие процеси.

Многу пати досега сум изјавил дека и јас како премиер, а и моите колеги во Владата имаме слух за потребите на граѓаните.

Сакам да ве уверам дека сите заедно ќе се справуваме со предизвиците.

Вложувањето во капиталните проекти е еден од врвните приоритети на оваа Влада.

Вложуваме во сектори кои со години биле запоставени, како што е патната инфраструктура, а паралелно со тоа, правиме крупен исчекор и со обезбедување на нови, модерни водоводни мрежи со коишто ќе донесеме квалитетна и чиста вода за пиење до домовите на нашите граѓани.

И понатаму продолжуваме со проекти кои се видливи и кои се надевам ќе траат уште долги години.

Оставаме со ова голема трага, неизбришлива трага за идните генерации, се грижиме за граѓаните на дело и со што ги подобруваме условите за живот во сите општини во државата. Сакам да им посакам среќа на изведувачите, на проектантите. Да им се заблагодарам на трудот кој го вложија во Министерството за животна средина и просторно планирање, на градоначалникот, на Советот на Општина Богданци, на пратениците кои секогаш во Парламентот се гласни за потребите и на Богданци, меѓутоа и на Валандово и на Гевгелија и на целиот овој крај. Нивните заложби овде се гледаат на дело.

 

 

Благодарам.“

 

 

Извор: Влада

 

Прочитајте