spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Над илјада деца се вакцинирани во рамки на теренската кампања

МЗ: Над илјада деца се вакцинирани во рамки на теренската кампања

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“.

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини, информираат од Министерството за здравство.

Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.

Во теренските посети беа вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Пехчево: Донација на две маси за играње на пинг – понг

0
Општина Пехчево преку Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, обезбеди донација на две маси за играње на пинг – понг.      Со што се...