HomeМинистерстваМЗШВ: Презентирани резулатите од Проктот „Кон родово-одговорни политики ибуџети во земјоделството и...

МЗШВ: Презентирани резулатите од Проктот „Кон родово-одговорни политики ибуџети во земјоделството и руралниот развој“

spot_img
spot_img

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, присуствуваше на завршниот настанот на двегодишниот проект „Кон родово-одговорни политики и  буџети во земјоделството и руралниот развој“ спроведуван од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во соработка со UN Women.

На настанот присуствуваа, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман Марти и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин во Република Северна Македонија, заменик министерот за труд и социјална политика г-н Енвер Хусејин, раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Вероник Улман Марти, деканот  на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, како и други претставници на владин и невладин сектор, рурални жени, академски институции и истражувачи од областа на земјоделството и родовата еднаквост.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред неколку години започна заедно со Телото на обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), Факултетот за земјоделски науки и храна и Националната федерација на Фармери заеднички да работи на унапредување на статусот на руралната жена во општеството.

„Во 2019 –та ја потпишавме Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини. Ова ја означи нашата силна определба  да им бидеме силна поддршка на руралните жените и тоа го остваривме. Заедно ја креиравме мерката 115 популарно наречена Мерка „Рурална жена“. За прв пат во 2021 година, 250 жени земјоделки добија грант до 3000 евра, и ветување дека двојно ќе ја зголемиме поддршката. И тоа и го направивме. Минатата година доделивме 70 договори за грант до 6000 евра по корисник, а оваа мерка продолжува и понатаму“ изјави министерот Николовски.

За успешноста на мерката најмногу зборува бројот на регистрирани жени земјоделки.Од 2018 до сега имаме скоро 5000 нови регистрирани жени земјоделки. Ова е најголемата потврда дека жените земјоделки ја препознаа нашата поддршка.

„Ги охрабривме да бидат погласни, повидливи и поприсутни во општеството. Ги охрабривме да ги следат политиките кои ги креираме за нивна поддршка. Сега жените земјоделки се повеќе активно учествуваат и при аплицирањето за другите мерки и јавни повици на министерството“ потенцираше министерот Николовски.

На настанот беа презентирани резулатите од проектот во кој беа вклучени 400 жени од руралните средини во насока на добивање на информации директно од терен колку се тие запознати и задоволни од мерките и политиките кои ги превзема државата за унапредување на нивната положба во општеството.

,Во рамки на Националната програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија, во веќе воведената мерка 115, се извршија промени се со цел да се одговори на потребите на жените во земјоделството и руралниот развој. И уште многу други активности продолжија да се надополнуваат со активноста која ја започнавме тогаш, а бевме пример од каде и многу други проектни активности на други организации во државата беа насочени кон ова значајно прашање. ” изјави деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ.

Освен мерката Рурална жена, овозможивме жените земјоделки за прв пат во историјата да добијат право на платено отсустсво за мајчинство. Изнајдовме модел преку посебна програма, финансирана од буџетот на Платежната агенција, да им се исплати еднократна финансиска поддршка во износ од 81.000 денари. 

Сите овие активности придонесоа свеста во општеството да се менува и руралната жена да станува активен учесник во општествените случувања, давајќи силен придонес при креирањето на мерките и политиките.

Министерот Николовски упати искрени честитки за сите кои беа вклучени во проектот „Кон родово-одговорни политики и  буџети во земјоделството и руралниот развој“  и кои придонесоа да се добие реална слика како сите заедно да делуваме понатаму за уште поголеми успеси и унапредување на родовата еднаквост во нашата држава. Руралните жени кои беа вклучени во истражувањето дадоа позитивна оценка за проектот, а заклучокот е дека е постигнат голем напредок во областа на родово-одговорни политики.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија