Федерацијата за училишен спорт организираше свеченост по повод првото меѓународно натпреварување за средношколци во кошарка.
На свеченото отворање свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ, претседателот на Федерацијата за училишен спорт проф. Александар Туфекчиевски, како и еминентни гости од земјите учеснички на овој меѓународен настан.


























