HomeСамостојни органиАФПЗРР: Бачовски - Започна доделувањето на финансиска поддршка за набавка на трактори

АФПЗРР: Бачовски – Започна доделувањето на финансиска поддршка за набавка на трактори

spot_img
spot_img

Завчера во Битола директорот на АФПЗРР Бачовски заедно со министерот Николовски свечено ги доделија првите решенија за финансиска поддршка за набавка на трактори.

Станува збор за поддршка по принцип на ко – финансирање на инвестицијата во висина од 50 – 75% од вкупната вредност.

На настанот на кој присуствуваа земјоделци и претставници на домашните добавувачи на земјоделска механизација директорот Бачовски информираше за спроведената постапка по однос на мерката.

,,Преку овој настан го одбележуваме почетокот на доделување на финансиската поддршка во вид на решенија за 730 земјоделци. За оваа поддршка беа обезбедени 500 милиони денари од програмата за рурален развој. Агенцијата во изминатиот период активно работеше на спроведување на програмите за директни плаќања и исплата на субвенциите, реализацијата на интервентниот фонд како и на подготовките за новиот ИПАРД 3 програмски период кој доаѓа како нова можност за модернизација на земјоделските стопанства, преработувачките капацитети и руралните средини’’ – истакна Бачовски.

Во своето обраќање директорот информираше и за следните активности на Агенцијата во кои се предвидени исплатата на премијата за произведено и предадено млеко како и директните плаќања за користен сертифициран семенски материјал.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија