Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова оствари работна средба со Самех Н.Вахба, регионален директор за одржлив развој за Европа и Централна Азија и неговиот тим.
Состанокот беше инициран на барање на Канцеларијата на Светската Банка во РСМ, со цел утврдување на придонесот кон дефинирањето на идниот програмски циклус на Банката.
На состанокот беа разговарани тековните активности на министерството, во делот на кластерот 4 и зелената агенда, и потребата од канализирање и вградување на аспектите за здрава животна средина и намалено загадување во тековните и идни активности на Банката.
Министерката Шукова информираше за тековните активности на Министерството во пресрет на билатералниот скрининг од кластерот 4 за областа животна средина и климатски промени во јули 2023 година, како и за активностите за мапирање на акциите на национално ниво за национален одговор кон регионалниот Акциски план за зелената агенда од Софиската Декларација за Западниот Балкан, кои треба да резултираат со јасен патоказ за идните потребни акции за нивно спроведување.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање