spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЕвропската интеграција на земјите од Западен Балкан ќе обезбеди долгорочна стабилност во...

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан ќе обезбеди долгорочна стабилност во регионот

Панел дискусијата насловена „Справување со безбедносните предизвици со (не)интегриран Западен Балкан во Европската Унија”, која се одржа во рамки на Преспа форум за дијалог беше посветена на безбедносните состојби во регионот и потребата од забрзување на процесите на европската и евроатлантската интеграција како гаранција за зачувување на регионалната стабилност.

Панел дискусијата ја отвори генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид која нагласи дека е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ. „Ја поддржуваме младинската соработка, оригиналните програми за домување, се грижиме за луѓето погодени од конфликти”, истакна Шмид.

Државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Кенџи Јамада, се обрати како специјален гостин, нагласувајќи ја поддршката за земјите од нашиот регион преку јапонската Иницијатива за земјите од Западен Балкан, што има за цел забрзување на социо-економските реформи значајни за европските интегративни процеси.

Во своето обраќање, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич, го поздрави Договорот од Преспа како историско достигнување и извонреден пример дека комуникацијата, а не конфликтот е начин да се реши децениското несогласување. Воедно, додаде дека Обединетото Кралство сака да види повеќе лидери во регионот водени по примерот на Договорот од Преспа.

Заменик-министерката за надворешни работи на Албанија, Меги Фино посочи дека заедничката перспектива на ЕУ со земјите од нашиот регион ја зајакна нашата соработка во последните неколку години, што пак придонесе за постигнување мир и поголема стабилност.

Државниот потсекретар за економска соработка, Обединети нации и азиска и американска политика на Полска, Војчех Пјотр Гервел нагласи дека Полска активно ја поддржува европската интеграција на сите земји од Западен Балкан. „Особено во сегашниот безбедносен контекст ни требаат успешни приказни во регионот и Северна Македонија направи многу во изминатите години за да го заслужи тоа. Мора да ја искористиме оваа можност”, истакна Гервел.

На панелот се обрати и Софија Грамата, специјален претставник на Грција за Западен Балкан. „Најефективната превенција против стратешките предизвици е европската интеграција на Западен Балкан. Затоа Грција е силен поддржувач на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, со исполнување на критериумите”, рече Грамата.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...