spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Во Брисел разговори за зацврстувањето на одбраната, стабилното финансирање и потврда...

МО: Во Брисел разговори за зацврстувањето на одбраната, стабилното финансирање и потврда за единството околу поддршката за Украина – министерката Петровска со клучните поенти од состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава се осврна на средбите и разговорите со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, во рамки на состанокот на Северноатлантскиот совет.

Петровска порача дека една од главните теми на состанокот во текот на вчерашниот ден, а и денеска е потребата за одвојување на минимум 2% од бруто-домашниот производ за одбрана, одлука која треба да биде донесена на Самитот на НАТО во Вилнус идниот месец.

„Финансиските импликации врз буџетот во делот на одбраната не треба да се гледаат како трошење, туку напротив како инвестиција во одбраната, заради тоа што околностите коишто сите ние денеска ги гледаме, она што се случува на европско тло покажува дека навистина треба сите да го зголемиме инвестирањето во одбраната“, рече министерката Петровска. Додаде дека одбраната не треба да ја гледаме веќе само конвенционално, односно преку призмата на Армијата и класичното вооружување, туку таа е има поширок обем и зафаќа и дел и од сајбер одбраната.

Министерката истакна дека дискусијата околу поставувањето на критериумот за вложување на минимум 2% од БДП за одбрана ќе продолжи и до Самитот на НАТО во Вилнус. Северна Македонија оваа година одвојува 1,85% од БДП за одбрана, а нивото од 2% од БДП ќе го достигне веќе следната година.

Петровска се осврна и на разговорите од вчерашниот ден кога сојузниците ја потврдија својата посветеност и поддршка за Украина, и политички и во контекст на воената и хуманитарната помош.

„Во текот на вчерашниот ден на состанокот со Контакт-групата за Украина која е под водство на САД, секоја земја уште еднаш и силно ја повтори поддршката за Украина во секоја смисла на зборот, не само онаа политичка, меѓутоа и она што досега секоја земја поединечно го прави, а тоа е поддршка во воена и хуманитарна помош за Украина, односно она што најмногу им е потребно со цел да ја одбранат својата суверена и независна територија“, рече Петровска.

Министерката информираше и за исходот од билатералните средби со германскиот министер за одбрана, Борис Писториус и со министерката за национална одбрана на Канада, Анита Ананд.

„На средбата со министерот за одбрана на Германија уште еднаш ја потврдивме заложбата за продолжување на соработката во делот на одбраната, но особено разговаравме во делот на набавките кои во моментов се случуваат во Министерството за одбрана, односно процесот на модернизација на Армијата каде Германија може како држава сојузник и наш долгогодишен партнер да ни помогне, односно сојузнички да си помогнеме едни со други“, потенцираше Петровска.

За средбата со министерката Ананд, Петровска истакна дека станало збор за „она што е актуелно на европско тло, меѓутоа и за зголемување на нашето присуство во рамките на истурената мисија во Латвија која е под покровителство на Канада“.

Ја испраќаме пораката, заклучи Петровска – дека Република Северна Македонија навистина, покрај политичката заложба која ја има како членка на Алијансата, учествува и го зголемува својот капацитет со учество во мисиите кои се со цел одвраќање и одбрана на НАТО територијата.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...