spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени се директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и...

АФПЗРР: Исплатени се директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатени се 143.7 милиони денари за над 5300 млекопроизводители.

Корисници на оваа подмерка  се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршкатa изнесува 3,5 денари/литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари/литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

,,По добивање на списоците од преработувачките капацитети и административната обработка на истите, Агенцијата денес ја изврши исплатата за произведеното и предаденото млеко за период од Јануари – Април 2022 година. Во следниот период продолжуваме со обработка на барањата за финансиска поддршка во земјоделството за растително и сточарско производство” – информира директорот Бачовски

Дополнително ги потсетуваме сите земјоделски стопанства дека аплицирањето за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година е во тек и трае до 30 јуни. Корисниците може да се пријават со своите барања електронските преку порталот е-субвенции или да ги искористат услугите на операторите од подрачните единици при МЗШВ.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...