spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДржавни претпријатија се вклучуваат во поддршка на општините Делчево и Крива Паланка...

Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на општините Делчево и Крива Паланка за справување со последиците од поплавите

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија за ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Србија 2021-2027 година, усвоена од ЕК на 03.06.2022 година и го прифати усогласениот текст на Спогодбата.

Определен е заменикот на претседателот на Владата за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, во името на Владата на Република Северна Македонија да ја потпише Спогодбата за финансирање помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија.

Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Србија се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 3), кошто ја поддржува прекуграничната соработка во поглед на унапредување на добрососедските односи, негување на интеграцијата кон Унијата и унапредување на социо-економскиот развој.

Владата, со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со последиците од поплавите.

Целта е, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното препријатие за државни патишта на Република Северна Македонија и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да се вклучат со помош на општините во мерките и активностите за санација на последиците од поплавите.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26.06.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.06.2023 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.06.2023 година (вторник);
за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2023 година (четврток) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок).
Владата на Република Северна Македонија ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за основање на Национална установа „Оркестар за џез музика на Република Северна Македонија“ – Скопје.

Одлучено е, на предлог на Министерството за култура, Националната установа „Оркестар за џез музика на Република Северна Македонија“ – Скопје, да биде лоцирана на бул. „Гоце Делчев„ бр. 4 – Скопје, на простор со површина од 475 м2, во сопственост на Република Северна Македонија, а дадено на трајно користење на Министерството за култура.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...