spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ

Маричиќ: Младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на дебата со младите, која се одржа во Европската куќа, во Битола, рече дека преговорите со ЕУ нè обврзуваат да исполниме сè она што е потребно за да обезбедиме одржлив развој на државата преку образование и економија која е базирана на знаење.
„Младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ. Најважните ресурси на македонското општество се студентите, кои со нивното знаење нè прават да бидеме конкурентни на европскиот пазар на труд“, рече Маричиќ, додавајќи дека целта на Владата е младите да останат дома и да придонесат за сеопфатниот напредок на Северна Македонија и да живеат и работат во својата држава.

Вицепремиерот Маричиќ го истакна задоволството да се сретне со студентите и да ги слушне нивните ставови и интереси и даде осврт на темата „Учествувам и придонесувам: За нови европски можности!“, истакнувајќи дека независните и професионални институции, владеењето на правото и квалитетното образование се здрав темел за напредок и развој на Северна Македонија.

На дебатата беше потенцирана и важноста од учеството и активноста на нашата држава во искористеноста на европските образовни програми, особено Еразмус +, која како што кажа Маричиќ „отвора многу можности и простор за интеракција со луѓе од различни култури и националности, што е потврда за почитувањето, уважувањето и обединувањето на различностите, како вредност која ја негува ЕУ“.
Тоа беше потврдено и од младите студенти кои беа дел од дебатата, како и од гостите учесници на младинската размена во рамки на Еразмус+, кои ги споделија нивните искуства и ги потенцираа придобивките од членството во ЕУ.

Маричиќ објасни пред студентите низ практични примери како процесот на евроинтеграција ќе ни помогне во развојот на инфраструктурата, образованието и здравството, што според него „за младите ќе креира можност за подобар животен стандард“, потенцирајќи дека должност на оваа генерација политичари, покрај сите препреки и предизвици, е да им овозможат младите да го живеат европскиот сон.
Теми на разговор покрај македонските евроинтеграции и важноста да останеме на европскиот пат, учесниците во дебата зборуваа и за улогата на младите и нивната активност и поддршка на процесот.

На денешната дебата со студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола на тема: „Учествувам и придонесувам: За нови европски можности!“, која се одржа во Европската куќа, во Битола, учествуваа и Проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, Еразмус координатор и Координатор на повеќе проекти од ИПА програмите за прекугранична соработка, Христијан Георгиевски, претседател на студентското собрание на Високата медицинска школа, Елена Грујоска, претседателка на Факултетско студентско собрание на Правниот факултет, а низ дискусијата ќе ги водеше Проф. д-р Ангелина Станојоска.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте