HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Младите се нашиот приоритет, а нивниот успех наша цел

МТСП: Тренчевска – Младите се нашиот приоритет, а нивниот успех наша цел

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со директорка на Европска младинска фондација на Совет на Европа, Гордана Берјан, Делегација на Европска Унија во Северна Македонија, Александру Албу, Координаторка на Клубот на младински прашања и политики на Собранието на Република Северна Македонија, Моника Зајкова, Координаторка на студиите по младинска работа, Филозофски факултет Скопје, Софија Арнаудова и Претседателка на грчката национална асоцијација на младински работници, Олга Кириакиду се обратија на панелот „Перспективи за развој на младинската работа во Северна Македонија“ кој беше во рамки на панел дискусијата „Младинската работа во Северна Македонија 2013-2023-2033: Ретроспектива и перспективи“. Настанот беше организиран од страна на Сојузот за младинска работа по повод десетгодишнината од основањето на мрежата.

Тренчевска во своето обраќање ги истакна можностите кои ги дава Министерство за труд и социјална политика на младите со посебен акцент на Гаранцијата за млади. Таа истакна дека во имплементирање на оваа програма од особено значење се младинските работници.

„Изминатата година клучната улога во информирање на младите ја играа точно младинските работници кои беа ангажирани преку коалицијата на младински организации СЕГА и Националниот младински совет на Македонија кои со својата работа информираа над 5000 млади за Младинската гаранција, регистрираа 2400 млади луѓе од категоријата NEET во АВРСМ и информираа 1141 локален бизнис за младинската гаранција ова се големи бројки и ваквата работа означува успех“ истакна Тренчевска.
Таа посочи дека теренската работа е токму таа која носи до успех. На крајот од своето обраќање рече дека само со вистинско насочување на младите може да се постигне исполнувањето на нивниот целосен потенцијал.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија