spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на веб страниците...

МП: Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на веб страниците на судовите

Министерството за правда ја разгледа Иницијативата за измена на членот 9 од Законот за управување со движење на предметите што ја поднесе Судско-медиумскиот совет.

На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со претставниците на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов, Емилија Шопар и Саније Дураку, договорено е измените да бидат вметнати во Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027.

Со измените на законот ќе се овозможи јавно да се објавуваат  првостепените неправосилни пресуди на веб страницата на судот со посебна мерка: Пристап на јавноста до првостепените неправосилни пресуди со измени на Законот за управување со движење на предметите во судовите.

Дел од прашањата за кои се дискутираше беше и потребата од транспарентност и отвореност на повисоките судови за јавноста како и наоѓање на соодветно софтверско решение за подобрување на судскиот систем.

Министерството за правда во целост ги поддржува заложбите и активностите кои ќе придонесат кон зголемување на независноста, самостојноста, транспарентноста и интегритетот на правосудниот систем.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЈА: Известување од Министерство за јавна администрација

0
Почитувани, Ве известуваме дека стапува на сила новата Mетодологија за планирање на вработувањата во јавниот сектор, како и формата и содржината на образецот на годишниот план...