spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири на средба со наставниците-ментори и образовните асистенти

МОН: Шаќири на средба со наставниците-ментори и образовните асистенти

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири имаше одвоени работни состаноци со дел од наставниците-ментори од основните училишта во земјава,како и со ангажираните образовни асистенти во Ресурсните центри, на кои се разговараше за воспитно-образовниот процес во земјава, како и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат за време на учебната година.

Министерот ја истакна важноста на наставниците-ментори и им се заблагодари за нивната посветеност и максимална ангажираност во основните училишта.

Присутните наставници-ментори изразија задоволство од средбата, напоменувајќи дека министерот Шаќири е првиот владин претставник кој остварил непосредна комуникација со нив, при што дадоа предлог во училиштата со поголем број на ученици и каде што наставата се одвива двојазично и тројазично, да се ангажираат дополнителни наставници-ментори за поефикасно извршување на работните задачи. Менторите препорачаа да се формира и координативно тело составено од избраните наставници за поефикасна и непосредна комуникација со МОН.

На средбата со образовните асистенти, министерот Шаќири лично се запозна со искуствата и потешкотиите со кои се соочуваат вработените во Ресурсните центри, при работата со учениците со посебни образовни потреби. Асистентите ги пренесоа своите видувања за начинот на работа со оваа категорија ученици, за што добија и уверување дека МОН ги презема сите неопходни мерки за обезбедување на современ образовен систем за учениците со посебни образовни потреби. Исто така, на средбата се разговараше и за изнаоѓање на решение за статусот на ангажираните образовни асистенти во Ресурсните центри.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте