HomeМинистерстваМЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за добиено теле по пат на В/О

МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за добиено теле по пат на В/О

spot_img
spot_img

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за добиено теле по пат на В/О.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на регистрирани говеда, кои имаат оплодена крава/јуница по пат на В/О и добиено и регистрирано теле во период мај 2022 – април 2023 година.

Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по добиено и регистрирано теле. Додека висината на директните плаќања за добиено и регистрирано женско теле по пат на примена на полово преддефинирано семе (sex semen) изнесува 2.500 денари.

МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија