spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Плаќање на аконтации на ДЛД за 2023 година

УЈП: Плаќање на аконтации на ДЛД за 2023 година

Почитувани даночни обврзници,

Доброволното плаќање на даноците, изразено како подготвеност на даночните обврзници за законско, правилно и навремено исполнување на даночните обврски, ефикасноста, ефективноста и намалувањето на административниот товар, изразени како самооданочување без спроведување на даночна постапка, како и меѓусебната доверба меѓу Управата за јавни приходи и даночните обврзници изразена како транспарентност во меѓусебните очекувања и преземање одговорност за ризиците, се темелни принципи при прибирањето на даночните приходи. Во духот на овие принципи, ги повикуваме даночните обврзници – самостојни вршители на дејност кои се оданочуваат по вистински и по паушално утврден приход да ги проверат своите обврски во системот „е-Персонален данок“ и да ги платат заостанатите месечни аконтации на ДЛД за 2023 година!

Согласно овластувањата од Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи започна со активност за опоменување за неплатени месечни аконтации на данокот на личен доход за 2023 година самостојните вршители на дејност. По опоменувањето ќе следуваат и мерки за присилна наплата, при што долгот ќе се зголеми со еднократна такса. За да се избегнат овие постапки, дополнителни трошоци и загубено време, апелираме даночните обврзници да ги платат обврските ВЕДНАШ! Доколку сметаме дека обврските кои се водат во системот „е-Персонален данок“ не се точни, во најкраток можен рок обратете се во надлежната регионална дирекција или даночно одделение на УЈП.

Начин за плаќање на ДЛД аконтациите, освен за паушалисти и корисници на тезги на зелени пазари
Превземете ги налозите ПП53 (или ископирајте го фолио бројот од налогот доколку користите електронско банкарство) кои се наоѓаат во копчето “ПЕЧАТИ РЕКАПИТУЛАЦИЈА” кое е прилог на пресметката во „е-Персонален данок“ од која произлегува обврската за данокот на личен доход.

Начин за плаќање на ДЛД аконтациите за паушалисти и корисници на тезги на зелени пазари
Извршете уплата со налозите ПП53 кои се во прилог на годишното даночно решение од Управата за јавни приходи.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Ви укажуваме дека уплатата на данокот треба да биде извршена исклучиво со реализација на налогот ПП53. Во спротивно, истата ќе се смета за погрешна и ќе предизвика дополнителни трошоци за враќање на средствата и загуба на време.

Исполнувањето на даночниот долг може да се изврши и со плаќање од страна на трето лице, опција која е понудена во корисничките профили на лицата кои поднесуват пресметки преку е-Персонален данок.
За повеќе информации погледнете на: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1843

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...