HomeВладаВицепремиерот Битиќи оствари средба со парламентарна делегација од Полска

Вицепремиерот Битиќи оствари средба со парламентарна делегација од Полска

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со полската парламентарна делегација кој е во посета на Северна Македонија, предводена од Ричард Терлецки, заменик-претседател на полскиот Сејм (Парламент).

Вицепремиерот Битиќи на средбата истакна дека Северна Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена, и посочи дека иако Полска постојано се вбројува во нашите 10-15 најголеми трговски партнери, ова не ги одразува целосно економските потенцијали кои ги имаме како земји.

Заменик-претседателот на полскиот Парламент, Ричард Терлецки, се заблагодари за приемот, и додаде дека оваа посета ќе послужи како основа за дополнителен развој на добрите односи помеѓу двете пријателски земји.

Заменик претседателот на полскиот парламент, Терлецки посочи дека Северна Македонија ја гледаат веќе како членка на ЕУ и се надева на брзо заокружување на нашиот интегративен процес.

На средбата заменик-претседател на полскиот Парламент беше придружуван од Анита Червињска, претседателка на пратеничка група за соработка Полска – Република Северна Македонија, Влоѓимјеж Бернацки, државен секретар во Министерството за образование и наука, Јацек Осух,  Ана Квјеќењ и Богуслав Соник, членови на пратеничка група за соработка Полска – Република Северна Македонија, Nаталjа Јаскjевич, заменик директор на Бирото за меѓународни работи на парламентот,  Клаудjа Фалкjевич, Биро за меѓународни работи и, Кшиштоф Гжелчик, Амбасадор на Полска во Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија