HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Активноста на младите води до прогресивни промени

МТСП: Тренчевска – Активноста на младите води до прогресивни промени

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со Сојузот на извидници. Средбата беше во пресрет на активностите кои министерката во следниот период треба да ги реализира за охрабрување на младите за поголемо учество во општествените процеси како и за вклучување на што поголем број на млади во активности кои се поврзани со спортот, истражувањето и креативноста кои позитивно ќе влијаат на нивното ментално здравје.

 

Од страна на претставниците на сојузот ја информираа министерката дека постојат веќе 70 години и дека секоја година традиционално организираат смотра која ги заокружува нивните активности.

На средбата беше разговарано за идна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на извидници.

Според она што беше дискутирано соработката треба да биде во насока на мотивирање и охрабрување на младите да бидат поактивни чинители во општеството.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте