HomeМинистерстваМП: Седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа...

МП: Седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

spot_img
spot_img

На седницата  на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор ,која за прв пат се одржа со физичко присуство, министерот за правда Кренар Лога  на членовите на Советот им порача дека е неопходно одредени активности да бидат дел од новата развојна Стратегија:

Надлежноста за издавање на лиценци за вештаци,од Министерството за правда  да се префрли  на надлежните комори.

Правосудниот испит, како и испитите за нотари и извршители наместо во Министерството за правда да се полагаaт во Академијата на судии и јавни обвинители.

Министерот за правда Лога по сопствена иницијатива побара да се укине дискреционото право на министерот за избор на нотари и извршители. Да се обезбеди транспарентвост во постапките за нивно именување.

Да се предвиди кривична одговорност на судиите поротници, да поднесуваат анкетни листови за имотната состојба.

Присуство на јавност во сите постапки пред Апелационите судови и Врховниот суд.

Дел од предлозите за кои ќе треба во наредниот период да се дискутира се  укинувањето на Вишиот управен суд за што ќе биде потребна целосна реформа на управното право, како и измени на Законот за Судскиот совет во начинот на избор и разрешување на членови на советот.

На седницата беше отворена  јавна дискусија за сите забелешки, коментари и предлози од сите членови на Советот по однос на активностите од Акцискиот план.

ВМРО ДПМНЕ и покрај фактот што беа поканети да присуствуваат на седницата, не дојдоа на расправата. Драфт верзијата од Развојната Стратегија ќе им биде доставена по што се очекува да дадат конкретни забелешки и коментари за одредени прашања.

Стратегијата е од исклучителна важност од аспект на донесувањето на Патоказот за владеење на правото и негово имплементирање а со неа се очекува да се зголеми довербата во правосудството.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија