Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу оствари средба со амбасадорката на Израел во Скопје, Н.Е Симона Франкел, со која разговараше за продлабочување на соработката во областа на дигитализацијата, која е од значаен заеднички интерес за двете земји.
„Ми беше задоволство да ја пречекам на средба нејзината екселенција, амбасадорката на Израел Симона Франкел. Разговаравме за можностите за соработка во секторите каде што Израел денес е водечка земја и чиешто искуство е секогаш добредојдено. Дигитализацијата е една од главните цели во програмата на министерството и соработката на ова поле ќе се максимизира во иднина”, рече министерот Алиу.
Министерот нагласи дека постои расположеност на двете страни да бидат отворени за нови идеи во иновативните области, како што се технологијата и сајбер безбедноста.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација






























