spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет - прво...

АХВ: Граѓаните совесно да купуваат додатоци во исхраната преку интернет – прво да проверат дали се регистрирани

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните да бидат одговорни и совесни потрошувачи и да не наседнуваат на непроверени и непотврдени информации за продажба на додатоци во исхраната преку социјалните мрежи и преку веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, бидејќи производите може да бидат и небезбедни, без оглед дали се работи за производи од домашно производство или од увоз.

 

Инспекциските служби на АХВ вршат контроли на работењето на одобрените/регистрираните оператори со храна и со додатоци во храната, односно, на сите компании кои се  дел од легалниот синџир на производство и трговија, вклучително и на оние кои вршат електронска продажба на своите производи.

Купувањето на вакви производи преку социјалните мрежи и веб платформи на нерегистрирани/неодобрени оператори, без потрошувачите претходно да се информираат дали истите се одобрени или не, е на нивна лична одговорност.

Дали додатоците кои се продаваат преку социјалните мрежи или преку електронски медиуми се одобрени од АХВ, односно дали ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на оваа категорија производи, граѓаните можат  да се информираат на интернет страната на АХВ  – www.fva.gov.mk – Регистар на производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана

  • https://drive.google.com/file/d/1XhW_rPsSy3DkoeJp6ejo7CKMTFxkulEc/view

На оваа категорија продавачи АХВ нема можност да направи контрола бидејќи лицата се непознати и со непозната адреса. За утврдување на автентичноста на профилот од каде се врши продажбата и за откривање на лицето  – сопственик на ФБ профилот, АХВ соработува со Министерството за внатрешни работи.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на додатоците во храната, потрошувачите можат да ја пријават во Агенцијата лично, писмено, електронски на info@fva.gov.mk, или на бесплатната телефонска линија за  потрошувачите 0800 3 22 22.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте