HomeМинистерстваМИОА: Алиу и Гир го потпишаа Договорот за учество на Северна Македонија...

МИОА: Алиу и Гир го потпишаа Договорот за учество на Северна Македонија во Програмата ,,Дигитална Европа”

spot_img
spot_img

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир,  вчера во Скопје го потпишаа Договорот меѓу Европска Унија и Северна Македонија за учество на нашата земја во програмата „Дигитална Европа“.

 

Во рамките на регулаторниот дијалог со Западен Балкан, на 30 јуни 2023 година, Европската комисија потпиша Договор за асоцијација за Програмата ,,Дигитална Европа“ – со Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Србија.

Бизнисите, јавната администрација и организации од овие земји ќе имаат пристап до фондот од 7,5 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

,,Овој договор означува важен чекор во дигитализацијата што нашата земја сега ја започна со брзи чекори и кој ќе се одвива непречено до целосна дигитализација на работните процеси на администрацијата, почитувајќи ги законите, стандардите и ИКТ структурите, во текот на дизајнирањето, имплементацијата и унапредувањето на дигиталните услуги.

MИОА има главна цел да ги исполни стандардите и условите за да осигура безбедна иднина во Европската Унија.  Затоа, активностите поврзани со дигиталната трансформација на јавните институции и модернизацијата во оваа насока, е главниот фокус на нашата влада“, изјави министерот Алиу.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија