HomeМинистерстваМО: Македонско – турската одбранбена соработка продолжува да се развива, со набавката...

МО: Македонско – турската одбранбена соработка продолжува да се развива, со набавката на турските артилериски системи ја зацврстуваме колективната безбедност во НАТО

spot_img
spot_img

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Истанбул се сретна со нејзиниот турски колега, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, со кого разговараше за македонско-турските одбранбени односи, безбедноста на Балканот и зацврстувањето на колективната безбедност на Алијансата.

„Досегашната речиси тридецениска одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Турција ни овозможи да имаме подобра, поопремена, посилна Армија. Северна Македонија е уверена во највисоките стандарди на турската одбранбена индустрија, а доказ за тоа е и набавката на нови артилериски системи за Армијата од реномирани турски компании. Овие артилериски системи ќе ја зацврстат нашата колективна безбедност во Алијансата“, рече министерката на средбата.

Петровска се осврна и на турската поддршка во опремување и модернизација на Армијата, која досега изнесува околу 30 милиони долари. Согласно воено-финансиската соработка со Турција, набавени се различни видови возила, вклучувајќи и влечен воз за потребите на Армијата, разни видови опрема и резервни делови, како и лично вооружување и муниција.

Министерот Ѓулер истакна дека Турција високо ја цени соработката со Северна Македонија во областа на одбраната и порача дека земјата останува посветена на поддршката во развојот на капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија како Армија на пријателска земја и земја – сојузник.

Двете земји соработуваат во полето на одбраната од 1994 година. На високите воени школи во Турција досега на школување биле упатени 64 армиски офицери. Припадниците на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан беа дел од турскиот контингент, додека во моментов армиските припадници во ЕУ операција АЛТЕА во Босна и Херцеговина се исто така дел од турскиот контингент.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија