HomeМинистерстваМЗШВ: Потпишан договор за комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле

МЗШВ: Потпишан договор за комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле

spot_img
spot_img
Посветени сме на инвестирање во водостопанската инфраструктура во интерес на земјоделците и нивното производство.
Денес, согласно Програмата за водостопанство го потпишуваме договорот за комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле при што ќе биде направена целосна модернизација на машинскиот и електричниот дел и ќе се инсталира SCADA систем. Вредноста на проектот е 123.132.646,00 денари.
Ова е прва фаза од целосно комплетирање на наводнувањето во дебарско. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство има целосна техничката документација каде е предвидена комплетна реконструкција на пумпната станица, реконструкција на главниот канал и реконструкција и доградба на деталната мрежа за наводнување, со што би се наводнувале вкупно 2000 хектари, односно би се зголемиле земјоделските површини за наводнување.
Работите на пумпната станица ќе се извршат за 12 месеци, при што овој капитален објект ќе биде целосно обновен и ставен во функција, а со тоа ќе се обезбеди непречено снабдување со вода за земјоделците од дебарско.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија