spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Потврда за политиките од „Стандард и Пурс“ – економијата ќе се...

МФ: Потврда за политиките од „Стандард и Пурс“ – економијата ќе се стабилизира, фискалната консолидација продолжува, долгот ќе се одржува на стабилно ниво

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокт во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети. Земјата ќе продолжи со фисклната консолдацијанамалување на инфлацијата и заштита на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво.
 
Ова е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандар и Пурс“ која го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија ББ- со стабилен изглед. Особено е значајно што кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед кој РС Македонија го има во континуитет од 2013 година е задржан и покрај здравствено-економската криза, како и ценовната и енергетска криза.
 
Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. . Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 %, кое е пониско од владините проекции (4,6 %). Донесениот Закон за буџети, сметаат од Агенцијата, ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира.
 
Во извештајот се посочува дека Владата е посветена на одржување на атрактивноста на земјата за странски директни инвестиции.
 
Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.    
 
Претходно РС Македонија и политиките на Владата добија потврда од Агенцијата „Фич“ која го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен.

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...