Државната комисија за спречување на корупцијата презема активности за едукација и зајакнување на капацитетите на вработените во јавната администрација, но и сите заинтересирани лица за едукација на темите од областа на антикорупциската политика.
За оваа цел, со експертска помош, во рамки на ИПА II проектот „Промовирање на транспарентноста и отчетноста на јавната администрација во Северна Македонија” се разви систем за е-учење – унифицирано место на кое сите заинтересирани страни ќе можат да пристапат и да се едуцираат на тема/и од областа на антикорупциската политика.
Системот за е-учење е поставен на веб-страницата на ДКСК: https://dksk.mk/.
Директен линк за пристап: https://lms.dksk.mk/.
Секое заинтересирано лице е потребно најпрвин да се регистрира преку внесување на потребните податоци. Податоците е неопходно да бидат точни.
По успешното регистрирање се генерираат достапните лекции за е-учење каде со кликнување на една од лекциите се обезбедува пристап до истата. По целосното читање на материјалот е понудена опција ПРОВЕРЕТE ГО ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ со низа прашања. По успешно одговарање на прашањата на крајот на вашата маил адреса се генерира официјална Потврда за посетено е-учење од ДКСК. Прашањата може да се одговараат до три пати и само доколку претходно е целосно прочитана конкретната лекција.
Државната комисија за спречување на корупцијата во 2022 година склучи Меморандум за соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежна институција за развивање на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници, подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката, реформата во јавната администрација и развој и промоција на информатичко општество. Меѓудругото, целта на овој Меморандум е овозможување на взаемна поддршка и експертиза за поставување на модулите за е-учење од областа на антикорупциската политика, на електронската платформа за обуки, односно на веб порталот за обуки на МИОА.
Лекциите се достапни и на албански јазик.