spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Знаковниот јазик е еднаков со сите други јазици

МИОА: Знаковниот јазик е еднаков со сите други јазици

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу одржа средба со претставниците на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ,,Инклузива“.

 

 

На средбата министерот посочи дека гради европски модел на комуникација и во таа смисла останува посветен на заложбата кон лицата со попреченост да бидат вклучени во сите законодавни процеси, како и да се подигне свеста за правата и потребите на овие лица.

 

„Системски се трудиме и работиме на воспоставување на професионална рамка која користи знаковен јазик и има лиценца да толкува знаци во сите сфери на општеството. Во моите јавни настапи, кои се од информативен карактер, ќе имаме преведувач во реално време со знаковен јазик, воспоставувајќи го како практика и како стандард за сите наши јавни средби. Веб-страницата на MИОА е преведена и на знаковен јазик. Правото на информации и пристап до услуги го сметаме за многу важно, без никого да исклучуваме“, изјави министерот Алиу.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте