spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Гласовна Синтеза – Кико

МИОА: Гласовна Синтеза – Кико

Упатство за корисници на RHVoice за iPhone и iPad

Верзија 1.0

Инсталирање гласови

Апликацијата се отвора на страницата со поддржани јазици. Изберете го посакуваниот јазик.

Ова Ве носи на список со гласови што се достапни за тој јазик.

Овде покрај името на гласот има копче со чие кликање може да пуштите аудио примерок од гласот што изговара дали гласот е инсталиран или не е инсталиран. Ако не е инсталиран, може да најдете копче за преземање. Ако е инсталиран, на тоа место има копче за деинсталирање.

Одете на страницата со Поставувања (Settings) за да конфигурирате различни функции за избраниот јазик.

Јазици што не се поддржани во iOS и iPadOS

VoiceOver не нуди целосна поддршка за некои јазици, како што се, на пример, македонскиот и албанскиот јазик.

За нив е потребен посебен третман. За да се користат гласовите на RHVoice за тие јазици, потребно е да се направи следното:

  1. Оневозможете ја функцијата за детектирање на гласови на VoiceOver.
  2. Преку опцијата „Додај нов јазик“ најдете го и додајте го RHVoice гласот што сакате да го користите.
  3. Проверете дали функцијата „Јазици“ е достапна во роторот. Со роторот ќе го изберете посакуваниот јазик.

Поддржан јазик

Ако сакате да користите RHVoice за поддржан јазик, најдете го јазикот преку главната опција за „Јазик“. Додајте го јазикот преку функцијата „Додај нов јазик“.

Ако сакате, може да овозможите детекција на јазик на VoiceOver.

Поставувања

Автоматско ажурирање преку Wi-Fi

Кога објавуваме нови јазици, нови гласови или понови верзии на постојните, тие стануваат достапни за преземање.

Квалитет на говор

Максималниот квалитет може да предизвика мало доцнење при почетокот на зборувањето. Стандардниот квалитет овозможува говор веднаш, но може да дојде до повремено мало изобличување на звукот, особено кај гласови што бргу ја менуваат висината на гласот.

Поставувања за јазик

За секој инсталиран јазик, може да го поставите следното:

  • Јачина на звук
  • Брзина на говор
  • Промена на јазици. Ова е основен метод за текстови на англиски јазик за кои нема  гласовна поддршка. Сметаме дека може да биде корисен за да се избегне често користење на роторот ако наидете на кратки делови текст што се на англиски јазик. VoiceOver не може да се префрли на англиски глас, а не може ни RHVoice.

Познати проблеми

Отворањето на iOS и iPadOS кон „Текст во говор“ на трети страни, проследено со објавување нови верзии на OS, значи дека VoiceOver во неговата поврзаност со RHVoice, бргу се менува.

Од iOS 16.2 и iPad 16.2:

  • Контролите на VoiceOver роторот може да не бидат изговорени на Вашиот избран јазик, иако целиот друг текст е изговорен на тој јазик. Ова е проблем на VoiceOver.
  • Кога VoiceOver пишува зборови со латинично писмо додека зборува на јазик со кирилско писмо го додава зборот „Latin“ (латиничен).
  • При деинсталирање на RHVoice и надградба на верзиите на апликацијата RHVoice, може да се појават грешки кај VoiceOver. Рестартирањето на вашиот уред би требало да ги реши овие проблеми.

Пријавување проблеми

Ако се соочувате со проблеми што не можете да ги решите, контактирајте нè преку е-поштата: ios+support at rhvoice.com.

 

Упатство за корисници на Android на следниот линк.

 

Мета податоци

Категорија:MainRoot

Објавено на:10.08.2023

Јазик:MK

Контакт

Одделение за односи со јавност

+38923200870

Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54 1000 Скопје, Република Северна Македонија

E-адреса:cabinet@mioa.gov.mk.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Дојран: Дојран Гурман Фест 2024

0
Дојран Гурман Фест 2024– гастрономско патување низ вкусовите на традиционалната кујна од Дојран приготвени од вештите раце на жените од “Здружение на жени-Дојрана” кои...