spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Изградба на патот Тетово - Призрен

МТВ: Изградба на патот Тетово – Призрен

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи оствари работна средба со заменик министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Хисен Дурмиши.

На средбата разговараа за заедничките проекти помеѓу двете земји, со посебен акцент на изградба на патниот правец Тетово – Призрен.

„Со г. Дурмиши разговаравме за заедничките проекти помеѓу двете земји, а посебно значење дадовме на изградбата на патот Тетово – Призрен, односно усогласувањето на ставовите околу составувањето на заедничкиот проект за овој патен правец. Трасата на патот сега е одредена и проектирањето ќе се врши во наредните месеци. Вреди да се напомене дека со г. Дурмиши ги договоривме основните принципи на договорот и начинот на кофинансирање“ – рече заменик министерот Реџепи.

Заменик министерот Реџепи потенцираше дека наскоро ќе се започне со конкретни чекори за реализација на овој важен проект, кој ќе помогне во развојот на планинскиот туризам и директно ќе влијае на економскиот развој меѓу двете земји.

Република Северна Македонија и Република Косово имаат одлични билатерални односи, а тоа го докажува и фактот што меѓу двете земји се реализираат заеднички проекти за подобрување на животот на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...