spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари −...

ДЗС: Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари − јуни 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − јуни 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 198 286 илјади денари, што е за 44.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

 

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 89 310 илјади денари, што е за 25.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

 

Вредносните податоци за периодот јануари − јуни 2023/2022 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 57,6535 денари.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...