Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − јуни 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 198 286 илјади денари, што е за 44.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. |
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 89 310 илјади денари, што е за 25.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари − јуни 2023/2022 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 57,6535 денари.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика