spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова - Ги поврзуваме европските механизми со меѓународните, за поефикасно исполнување...

МЖСПП: Шукова – Ги поврзуваме европските механизми со меѓународните, за поефикасно исполнување на глобалните цели и обврски и Европската зелена агенда

Во рамките на одржувањето на 7-то Собрание на Глобалниот фонд за животна средина, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, се обрати на пленарната сесија  „Решенија за здрава Планета: Интегрирани одговори за намалување на деградацијата  на животната средина на глобално ниво“. Таа беше посветена на значењето на интегрираниот пристап при разбирањето на животната средина и намалувањето на деградацијата во правец на одржување и враќање на здравјето на Планетата, како неопходен услов и основа за одржливи отпорни општества. На сесијата се разговараше за искуствата при имплементирање на вакви одговори, идентификувани успеси, неуспеси и компромиси и беа истакнати насоки и пристапи што ГЕФ може да ги преземе и поддржи додека ги развива сопствените стратегии за програмирање и инвестициите.

 

Во својата интервенција, министерката Шукова се осврна на националните искуства и ја истакна потребата од  поврзување на политиките за животна средина и климатска акција преку вкрстување на меѓународните и европските механизми. Според Шукова на тој начин се воспоставува инклузивен и усогласен пристап и воедно се олеснува спроведувањето на обврските на меѓународните правно обврзувачките договори и Европската зелена агенда како наши национални и глобални приоритети во животната средина.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Се реализираше примопредавањето на премиерската функција

0
Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. По пристигнувањето,...