spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски за ТВ21: Европската коалиција е за интеграција, граѓаните не заслужуваат нови...

Ковачевски за ТВ21: Европската коалиција е за интеграција, граѓаните не заслужуваат нови декади изолација

„Кај нас постои европска коалиција којашто е за европска интеграција на државата, а таа е иста коалиција која обезбеди членство на државата во НАТО и од друга страна не променетата политика на ВМРО – ДПМНЕ и Левица во однос на изолација на државата“, посочи премиерот Ковачевски во интервјуто за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

„Вие знаете дека тоа се истите партии кои беа против зачленувањето на НАТО, беа против многу процеси кои се водеа во државата, било спорот со Грција, други закони кои се правеа во однос на релаксирањето на односите внатре во државата, пред сè мислам на заедничкото живеење на сите заедници кои живеат во Северна Македонија. Сметам дека тоа е единствената политика којашто ВМРО ја покажува. Политика на блокада, политика на изолација и единствено нешто што секогаш останува исто во сите нивни глави е кочење на процесите кои значат подобар живот и интеграција на државата. Да не заборавиме ние почнавме европски интеграции заедно со Хрватска 2006 година, денес Хрватска е земја членка на ЕУ, дел од Шенген и земја која воведе евро. А ние дури минатата година ги почнавме преговорите со ЕУ благодарение на оваа Влада“, рече претседателот на Владата, Ковачевски.

Премиерот Ковачевски порача дека граѓаните не заслужуваат повторно да седат во чекалната како што изјавува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ кој вели ако треба ќе чекаме 10 и 20 и 30 години, посочи Ковачевски.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...