spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска во Кавадарци, нови капитални инвестиции и нови можности за граѓаните

МТСП: Тренчевска во Кавадарци, нови капитални инвестиции и нови можности за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше на теренски активности во Општина Росоман и Општина Кавадарци. Тренчевска за медиумите изјави дека веќе се сретна со градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов и дека заедно веќе направиле увид на доградбата на градинката „Праскички“ со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на деца во општината.

 

Тренчевска се осврна и на целта на средбата со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Министерката информираше дека ќе биде разговарано за двете капитални инвестиции: Дневен центар за лица со попреченост и Дом за стари лица кои ќе се реализираат на територијата на општината.

Министерката на медиумите ја најави и агендата до крајот на денот, таа информираше дека заедно со пратеничката Даниела Колева ќе остварат средба со Здружението на пензионери во Кавадарци и иницијативниот одбор од пензионери за протестите во Кавадарци. Исто така министерката потсети за настанот „Остави трага“ кој ќе се одржи на плоштадот во Кавадарци.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...