spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ-Фајон: ЕУ отвора шанса која не се пропушта, Словенија со поддршка за...

Маричиќ-Фајон: ЕУ отвора шанса која не се пропушта, Словенија со поддршка за следниот чекор

На маргините на Бледскиот стратешки форум, денеска, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари конструктивна средба со заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон, на која беше испратена порака дека ЕУ создава позитивен политички моментумот кој е погоден за брз напредок на Северна Македонија на европскиот пат.

Одлучни сме во нашата посветеност да се усогласиме со стандардите, вредностите и политиките на ЕУ и да ги направиме следните чекори за да останеме во процесот и да напредуваме во преговорите со ЕУ. Во овој сложен процес од клучно значење е да знаеме дека држава како Словенија, со силно европско искуство, ја имаме за партнер и сојузник во исполнувањето на ЕУ агендата.

Заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон на средбата ја поздрави политичката волја и заложба на македонската Влада за успех во преговарачкиот процес и со охрабрување порача Северна Македонија  да продолжи напред, а поддршката Словенија останува до исполнување на нашата стратешка цел, полноправно членство во ЕУ.

Во фокусот на нивниот разговор беше темата за уставните амандмани, кои стојат како обврска за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, за кои и Маричиќ и Фајон се согласија дека амандманите не се само уставни дополнувања, туку дека тие ја симболизираат нашата посветеност на забрзување на реформските процеси, европеизација на македонското општество, демократските принципи, владеењето на правото и човековите права.

Соговорниците разговараа и за децениското искрено пријателство и соработка меѓу двете држави и двата народи, со кое дополнително ги унапредуваат нивните односи, придонесувајќи во промоцијата на заедничките европски вредности, особено солидарноста во справувањето со последиците од климатските промени и природните непогоди.

Маричиќ денеска учествува на Бледскиот стратешки форум, на панелот насловен: Збогум Европа! (?) – Глобален вазал или глобален лидер: Европа во новата геополитичка доба, на кој учествуваат и неговата словенечка колешка, Тања Фајон, Федерика Могерини, Аранча Гонзалез, Декан на Париско школо за меѓународни односи, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа и Мирослав Влачовски, министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Петровец: Одржан четвртиот меѓународен турнир во бокс во Куманово

0
Се одржа четвртиот меморијален меѓународен турнир во бокс во Куманово „Мирослав Петровиќ“. И оваа година честа да го отвори овој турнир му припадна на...