spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска за ТВ21 - Секоја година согласно растот на просечната плата,...

МТСП: Тренчевска за ТВ21 – Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат и платите во јавниот сектор

Во врска со Општиот колективен договор, кој се носи после 15 години, министерката Тренчевска за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, истакна неколку придобивки за вработените во јавен сектор, како растот на платата за 10 отсто со септемвриската плата, К-15 за сите вработени во јавен сектор од 10.000 денари до крајот на годината и раст на платите во јавен сектор на долг рок.

 

„Со самиот колективен договор се воспоставува систем за покачување  на платите во јавниот сектор. Од 1 март 2025 година, просечната плата помножена со коефициент на сложеност, на работно место, ќе биде основната плата на секој вработен“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека, заедно со Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на 2024 година треба да се склучи спогодба и да се утврдат коефициентите по сложеност на работните места.

„Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат платите во јавниот сектор. Не можете вие да преземете обврски кои ќе имаат фискални импликации ако не ги предвидите во буџетот“, истакна Тренчевска на прашањето дали има пари во државниот буџет.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...