spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Телефонски разговор Османи - Лавров

МНР: Телефонски разговор Османи – Лавров

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

На разговорот, министерот Османи се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повтори приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ. Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Во продолжение, министрите Османи и Лавров разменија мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...