spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Целосната документација за реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ доставена до ДКСК...

МНР: Целосната документација за реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ доставена до ДКСК и ОЈОГОКК

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Скопје ја достави документацијата од целосната постапка за јавната набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ. Во оваа прилика, Министерството апелира до надлежните институции да придадат посебно значење и приоритет на овој предметн, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста.

Повторуваме: нема нерегуларности во постапката, неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ. Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:

Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач)

Второрангирана – 120.668.981 ден.

Треторангирана – 134.015.461 ден.

Четврторангирана – 374.353.297 ден.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...