spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за финансиска поддршка...

АФПЗРР: ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027

Влада на Република Северна Македонија

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

 

Врз основа на Анекс А клаузула бб став 1 точка б од Законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата на Република Северна Македонија за посебните постапки за спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Северна Македонија според инструментот на претпристапна помош (ИПА 3) (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.235/22) и врз основа на ИПАРД Програмата (2021-2027) и член 6 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од ИПАРД Програмата (2021-2027), (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.88/23)

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

 

на 01 септември 2023 година објавувa

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023
за доставување на барања зафинансиска поддршкаод
ИПАРД Програмата 2021-2027

1.        Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за финансиска поддршкаод ИПАРД Програмата 2021-2027 за следните мерки:

1. Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства

7. Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

2.       Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

3.       Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

3.1.     60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

3.2.     60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

4.       Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 октомври 2023 година

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства“ изнесува 18.893.333,33 евра или 1.171.764.533,33 денари, додека за мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 11.400.000,00 евра односно 707.028.000,00 денари.

Напомена: договорите за финансиска поддршка за овој јавен повик ќе бидат склучени по потпишување на финансиската спогодба помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија за имплементација на ИПАРД Програмата 2021-2027.

5.     Подигнување на обрасци и упатства:

Потребните обрасци од „Барањето за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027“ за секоја мерка одделно во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за финансиска поддршка ИПАРД Програмата 2021-2027, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Печатените обрасци од барањето за финансиска поддршка  од ИПАРД Програмата 2021-2027 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за секоја мерка одделно може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk).

6.       Начин на поднесување на барањето:

Корисникот треба да пополни и поднесе Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План или Технички предлог проект и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.

Пополнетото Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД 2021-2027 број 01/2023 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

По завршување на инвестицијата, корисникот е должен да достави до Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за за финансиска поддршка.

Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат при потпишување на договорот, за мерките 1 и 7. Барањата за исплата исто така ќе бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната www.ipardpa.gov.mk.

Напомена:Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно екорисникот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...