Изминатиов викенд поминавме уште незаборавна дружба со нашите пријатели од СОС Детско Село и им посакавме успешни училишни почетоци.

Веќе 4-та година по ред со гордост ги нарекуваме овие деца наши другари, а за нас другарството е сериозна работа. Се негува на долги патеки, со голема љубов, искреност и посветеност.

Се гледаме наскоро, а дотогаш, чекорете храбро, одлучно и насмеано.

Другарски поздрав од целиот тим на Иуте.