Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на
процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите
на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои
се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните
договори.
Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото
за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.5 %, трошоците за материјали се пониски за 1.4 %, а
трошоците за вработените се повисоки за 7.1 %.
Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со второто тримесечје од 2022 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 11.6 %, трошоците за материјали за
5.4 % и трошоците за вработените за 24.5 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика