spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Природно движење на населението во Република Северна Македонија во второто тримесечје...

ДЗС: Природно движење на населението во Република Северна Македонија во второто тримесечје од 2023 година -претходни податоци

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019
деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2023 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото
тримесечје од 2022 година, односно починале 4 730 лица, а од нив 6 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот
на умрените лица.
Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година.
Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...