spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Најостра осуда на вандалскиот чин на уништување на урбаната опрема

Бутел: Најостра осуда на вандалскиот чин на уништување на урбаната опрема

Градоначалникот Дарко Костовски најостро го осудува вандалскиот чин, со кој се уништува урбана опрема, особено во ова време кога се гради како никогаш досега.

Многу е жално што сите граѓани почесто се сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема, којашто претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмораат.

Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов”, кадешто целосно е уништена урбаната опрема, а оштетен е и летниковецот.

На овој потег во изминатиот период се вложени над 4 милиони денари, во ново игралиште, нова урбана опрема и ново зеленило.

Градоначалникот Дарко Костовски јавно ќе побара од директорот на основното општинско училиште и од МВР да постапи и најригорозно да го санкционира ваквиот вандалски чин. Лицето е добро познато на службите од училиштето и на службите на МВР. Дополнително, по соодветната постапка ќе се побара надомест на штетата.

Градоначалникот Дарко Костовски апелира до граѓаните да се однесуваат одговорно и да го чуваат она што се гради и она во што се вложува,за подобри услови за сите граѓани на општина Бутел.

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...