spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: За една година Љуботенски Пат ќе добие нов лик

Бутел: За една година Љуботенски Пат ќе добие нов лик

Општина Бутел изгради нова пешачка патека на улица 30 во населеното место Љуботенски Пат.

Започна градежниот бум во населеното место Љуботенски Пат.

Ова е само прв проект во низата кој ќе следат. Овде граѓаните беа заборавени 30 години, но за една година комплетно ќе се промени ликот на ова населено место!

Љуботенски пат доби нова пешачка патека во должина од 800 метри и со ширина 2,25 метри на потегот од обиколница до автобуската станица. На патеката ќе биде поставено и ново лед осветлување.

Општина Бутел ја зголемува безбедноста и граѓаните повеќе нема да се движат по улицата.
Со ова се реши еден голем горчлив проблем на граѓаните од ова населено место кој не бил решен повеќе од 30 години.
Наскоро во ова населено место започнува со изградба и новиот спортско рекреативен центар “Бранители”.

 

Ова ќе биде еден од најубавите и најмодерните спортско рекреативни центри со нови модерни игралишта за фудбал и баскет, детско игралиште, простор за вежбање како и плоштад со нова урбана опрема.
Следната пролет согласно планираното ќе се реконструира и главната улица 30. За истата веќе е изработена целосна проектна документација.

Општина Бутел работи посветено во интерес на граѓаните!

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...