HomeОпштиниБутел: Реконструкција на улицата “50” во населеното место Радишани - Горна Зона

Бутел: Реконструкција на улицата “50” во населеното место Радишани – Горна Зона

spot_img
spot_img

Општина Бутел поврзува две населени места.

Општина Бутел продолжува со реконструкција на улиците, коишто се опфатени со оваа фаза. Овие улици за првпат ќе добијат асфалт, на големо задоволство на граѓаните.

Овој крак за првпат ќе добие асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места, со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.

Ова е крак на улица “50”, која претставува пробивање и поврзување на две населени места.

Со ова се подобрува патната инфраструктура и се овозможуваат подобри услови за сите граѓани.

Во текот на мандатот на градоначалникот Дарко Костовски, нема да остане неасфалтирана улица на територија на Општина Бутел.

Општина Бутел продолжува со активности во останатите населени места, коишто се опфатени со оваа фаза.

Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.

 

 

 

 

Извор: Општина Бутел 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија