HomeМинистерстваМЕ: Работиме на зголемување на квалитетот на услугите за граѓаните

МЕ: Работиме на зголемување на квалитетот на услугите за граѓаните

spot_img
spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Бирото за метрологија Авдуљ Сељам Селами и со менаџментот на ЕВН Македонија направија увид на лабораторијата на ЕВН  каде што се врши испитување и верификација на електрични броила.

“Бирото за метрологија освен реформите во работењето кои го воведува преку носење на нови правилници, веќе при крај подготовката со целосно новиот Закон за метрологија каде што целосно ќе биде транспонирана и хармонизирана европската регулатива, со што ќе се зголеми квалитетот на инспекции и акредитации кои се во надлежност на Бирото“ кажа министерот Бектеши. Министерот додаде дека освен нови апарати и инструменти Бирото ќе има обврска да прави контроли за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, за да не бидат во заблуда во одредени моменти.

„Компании како ЕВН кои што работат професионално и во нашата држава и на странскиот пазар е една од првите кои компании кои ги воведува тие артикли со кои ќе се подобрат квалитетот на услугите кои ги даваат и кон граѓаните и кон потрошувачите“ кажа министерот по обиколката на лабораторијата на ЕВН Македонија во подружницата во општина Бутел.

Директорот на Бирото за метрологија Авдуљ Сељам Селами кажа дека Бирото секогаш им излегува во пресрет на граѓаните кои се пожалиле и имале сомнежи во врска со точноста на броилата и секогаш испитувањето се повторило, за да се надминат сите двоумења кои ги имале граѓаните.

„Инженерите на Бирото за метрологија професионално ги вршат верификациите на електричните броила и тие се точни според дозволените параметри и стандарди на ИЕЦ (Меѓународна Комисија за Електротехника), односно дека се во сообразност со пропишаните услови и дека ги исполнува прописите и другите акти за верификација, односно се потврдува класата на точност на броилото“ кажа директорот и додаде дека лабораторијата во која се верификуваат електричните броила е Акредитирана според стандардот 17020 од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија.

Директорот Селами ги повика сите граѓани кои имаат сомнежи за точноста на електричните мерила, слободно да се обратат до Бирото за метрологија која ке ги провери повторно броилата  со што ќе се отфрлат сомнежите кои се однесуваат на трошењето на електричната енергија.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија