Кодиродор 10-д кон Пелагонискиот регион го издигнуваме на ниво на модерен и безбеден патен правец кој ќе создаде економски перспективи за за сите компании и граѓани во регионот.
Ова го истакаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој заедно со заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа во работна посета на општина Битола каде извршија увид во рехабилитација на магистралниот пат Битола- Граничен премин Меџитлија.
Рехабилитацијата на патниот правец е во завршна фаза, се инвестираат 3 милиони евра, средства од буџетот на ЈП за државни патишта со што се рехабилитираат 12, 7 километри. Според работната динамика се очекува да се заврши до крајот на овој месец.
Министерот Бочварски потенцира дека ова е реализација на уште едно ветување пред граѓаните.
„Ова е првата Влада што отворено ги решaва најсуштинските прашања во делот на инфраструктурата. Ова е едниот од патните правци што го завршуваме. Денеска после оваа средба продолжуваме во Битола каде ќе имаме средба со претставниците на конзорцимуот Бехтел и Енка каде заедно најавуваме силна градежна офанзива за изградба на автопатот Прилеп-Битола. Компанијата веќе работи на урбанистичките проекти, очекуваме да ги достават до министерството, исто така Изведувачот се подготвува со ангажирање на стручни лица и компании како подизведувачи за што има веќе голем интерес од домашните компании. Мобилизацијата е започната и после гоетехничките испитувања кои се вршеа во претходниот период, очекуваме многу скоро да започнат и градежните активости. Ескпресниот пат кон Прилеп исто така се работи во полн ек, следната година некаде во пролет ќе биде завршен така да создаваме брза врска кон Пелагонија заради подобрување на условите за граѓаните, за економијата за создавање на нови работни места.
Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека оваа година Јавното претпријатие има најобемна програма од околу 480 милиони евра. Овој патен правец е дел од програмата за работа.
„Динамиката на работа е според предвиденото, очекувам до крајот на септември да се заврши овој пат кој четириесет години не беше рехабилитиран. Инвестираме 3,2 милиони евра за негова рехабилитација. Оваа година имаме околу 480 милиони евра инвестициона програма и очекувам силна година каде ќе обезбедиме квалитетна и безбедна инфраструктура во цела држава” изјави директорот Ејуп Рустеми.
Министерот Бочварски, заменикот Реџепи и директорот Рустеми денеска во Битола го посетија и саемот за вработување во организација на Бехтел и Енка, како дел од процесот на ангажирање на домашни работници за реализација на проектот за изградба на авотпатските делници на Коридор 8 и 10 -д.
Извор: Влада