spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Конкурс за доделување на годишната награда на Општина Центар – ,,Феникс”...

Центар: Конкурс за доделување на годишната награда на Општина Центар – ,,Феникс” за 2023 година

  1. Годишната награда на Општината Центар – „Феникс” се доделува на физички и правни лица од Општина Центар-Скопје и од Република Северна Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

 

  1. Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.

 

  1. 3. Наградата за поединци  и група  творци се состои од диплома и паричен износ.

Наградата за правни лица се состои од диплома и плакета.

 

Наградата за ученици и студенти се состои од диплома и паричен износ.

 

  1. 4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

 

  1. 5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот и да се приложи кратка биографија, дипломи, пофалници, уверенија и друг вид на документи кои ги потврдуваат постигнувањата.

 

Сите предлагачи (поединечно или групно) треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.

 

  1. 6. Конкурсот трае започнувајќи од ден 4.9.2023 година и трае заклучно до ден 18.9.2023 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар-Феникс, ул. „Михаил Цоков” бр. 1 или во архивата на Општина Центар-Скопје, во барака 6.

 

 

 

КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА

ГОДИШНАТА НАГРАДА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-ФЕНИКС

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...